Песков откри за што ќе разговараат Путин и Си на состанокот

од Stefanija Kuzmanovska

Планот предложен од Кина за решавање на конфликтот во Украина и темите формулирани во него на еден или друг начин ќе бидат допрени на состанокот меѓу рускиот лидер Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Несомнено, Украина ќе биде на дневен ред“, изјави Песков пред новинарите, пренесува „Известија“.

Песков додаде дека претседателот на Руската Федерација ќе даде детални објаснувања, со што Си Џинпинг од прва рака ќе добие увид како руската страна гледа на актуелната ситуација.

Слични содржини