Песков откри за што разговарале Путин и Си

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин и Си Џинпинг вчера неформално разговараа за кинескиот мировен план за Украина, изјави портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков.

„Имаше многу темелна размена на мислења, сериозен разговор во неформалниот дел“, изјави Песков, пренесува РИА Новости.

Тој одби да даде повеќе детали и им порача на новинарите да ги почекаат изјавите за новинарите на двајцата претседатели, кои денеска ќе имаат официјални разговори.

Слични содржини