Песков: Путин се тестира на Ковид-19 колку што е потребно

од Aleksandar Petrovski

Рускиот претседател Владимир Путин се тестира на коронавирус онолку често колку што е потребно, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

-Се тестира онолку често колку што неговиот лекар смета дека е соодветно, кажа Песков денеска, одговарајќи на новинарски прашања, пренесе Тасс.

Песков забележа дека не е запознаен со процедурата на тестирањето на претседателот.

-Не се занимавам со прашања за лекарската нега на претседателот, додаде тој.

Портпаролот на Кремљ напомена дека одлуката на Путин да одржи состанок со неговиот пратеник во крајноисточниот федерален округ Јури Трутнев и министерот за развој на Далечниот Исток и Арктикот Александар Козлов во Кремљ не претставува прекршување на режимот на самоизолација.

-Да, тој вчера дојде во Кремљ, рече Песков, забележувајќи дека претседателот „ не посетува јавни места и не се среќава со голем број луѓе“.

„Се преземаат сите мерки на внимателност“, кажа уште Песков и додаде дека во случај претседателот да се состане со луѓе лице в лице, секој учесник на средбата претходно се тестира на Ковид-19.

Новинарите истакнаа дека Путин и натаму се ракува со лицата со кои се состанува.

-Претседателот се ракува со луѓето кои се внимателно проверени. Значи, во овој случај претседателот има право да го одбере начинот на кој ќе се поздрави, на кој е навикнат и за кој смета дека е соодветен“,  објасни портпаролот на Кремљ.

Слични содржини