Песков: Русија апсолутно ја поддржува Србија кога е во прашање Косово

од Stefanija Kuzmanovska

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија апсолутно ја поддржува Србија кога е во прашање моменталната ситуација со непризнаеното Косово и оти смета дека постапките на Приштина кон Србите кои живеат во северниот дел на покраината се неосновани.

„Ние, се разбира, апсолутно ја поддржуваме Србија“, рече Песков, пренесува ТАСС.

Портпаролот на Кремљ рече дека Москва смета дека западните земји кои ја признале независноста на Косово мора да го искористат сето свое влијание за да ги предупредат властите во покраината да не преземаат никакви непромислени чекори кои би можеле да доведат до дополнителна ескалација на тензиите.

Слични содржини