Песков: Русија чека Киев да ги прифати барањата за преговори

од Stefanija Kuzmanovska

Русија чека Украина да ги прифати барањата за мировни преговори, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи го предлогот на поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер, Западот да се откаже од обидот да ја порази Русија воено во Украина и ја нагласи потребата да се убеди Киев да се врати на преговорите.

„Чекаме Киев да ги прифати барањата на Москва и да ја разбере де факто ситуацијата, реалната ситуација што постои“, рече Песков на редовниот брифинг, пренесува „Известија“.

Портпаролот на Кремљ нагласува дека е важно да се „убеди“ Украина да продолжи со преговорите.

Слични содржини