Песков: Властите се уште не размислуваат за целосна мобилизација

од Stefanija Kuzmanovska

Одлуката за делумна мобилизација е донесена затоа што Русија во Украина се соочува со воениот потенцијал на НАТО и другите непријателски земји, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Рускиот претседател Владимир Путин во својот говор рече дека условите се сменија за време на специјалната воена операција. Претседателот Путин беше тој што рече дека ние всушност се соочуваме со воениот потенцијал на НАТО и голем број други земји кои во моментов се непријателски настроени кон нас“, рече Песков, пренесе руската агенција ТАСС.

Портпаролот на Кремљ ја повтори минатонеделната изјава дека властите сè уште не размислуваат за целосна мобилизација.

Слични содржини