Песков: Во моментов нема контакти меѓу Белата куќа и Кремљ

од Stefanija Kuzmanovska

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека во моментов нема никакви контакти меѓу Кремљ и администрацијата на САД, како и дека Русија ги поставила своите барања во врска со Украина, но дека властите во Киев одбиваат да преговараат.

„Може да се каже не, не во моментов. „Сега, во суштина, нема никакви контакти (меѓу Москва и Вашингтон)“, изјави Песков за „Спутник“.

Портпаролот на Кремљ исто така рече дека Русија многу јасно ги изнела своите барања во врска со Украина.

Слични содржини