Песков за пукањето во училиштето: „Путин длабоко жали за смртта на децата“

од Stefanija Kuzmanovska

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека рускиот лидер Владимир Путин длабоко жали за загубените животи во пукањето во училиштето во Ижевск.

„Трагични вести од Ижевск, претседателот Путин длабоко жали за смртта на луѓето и децата во училиштето каде се случи терористичкиот акт“, рече Песков.

Путин ги издаде сите неопходни инструкции до регионалните и федералните власти во врска со терористичкиот напад во Ижевск во кој загинаа најмалку 13 лица, меѓу кои седум деца, а во Удмуртија беше прогласена жалост.

Песков додаде дека ќе се решат сите потребни социјални прашања.

Слични содржини