Песков запрашан за повлекувањето од Херсон: „Ви препорачувам да…“

од Stefanija Kuzmanovska

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков, денеска на редовен брифинг беше прашан од новинарите дали рускиот претседател ѝ наредил на армијата да се повлече од Херсон, окупираниот украински град од кој Русите со денови масовно евакуираат цивили.

„Ова прашање е поврзано со спроведување на специјалната воена операција. Ви препорачувам да го упатите до министерството за одбрана“, рече Песков.

Да потсетиме, Русија пред неколку дена ја започна масовната евакуација на цивили од Херсон, најнаселениот град што го окупираше во текот на осумте месеци од инвазијата на Украина. Цивилите се префрлени на десниот брег на реката Дњепар, а некои се испраќаат и на Крим, украинскиот полуостров што Русија го анектираше во 2014 година.

Слични содржини