Песков зборуваше за кандидатурата на Путин за претседател во 2024 година

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот претседател Владимир Путин се уште не соопштил дали ќе се кандидира за претседател во 2024 година, изјави портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков.

„Засега не сме расположени за изборна кампања – Путин има многу работа. Од него немаме слушнато најави дали ќе се кандидира за претседател или не. Значи уште е малку прерано. Треба само да бидеме трпеливи“, изјави Песков за весникот „Известија“, одговарајќи на прашањето дали Путин веќе одлучил да се кандидира за реизбор.

Прес-секретарот на претседателот на Русија исто така истакна дека во контекст на руската операција во Украина има предлози за одложување на претстојните регионални и локални избори во земјата во септември и претседателските избори во 2024 година.

„Но, слушнавме дека претседателот во Сојузното собрание рекол дека овие и други избори треба да се одржат, дека тоа е составен дел од развојот на нашето општество и политички систем“, нагласи Песков.

Претседателските избори во Русија се закажани за 2024 година. Според рускиот весник, Путин во јули минатата година истакнал дека самиот факт што има право да биде избран за нов мандат ќе ја стабилизира ситуацијата во Русија.

Слични содржини