Песна која ослободува од стрес – научно докажано (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Научниците направија песна со британски бенд за која тврдат дека најдобро го отстранува стресот и го релаксира умот и телото. Па, добар момент е да ја ставите на вашата плејлиста.

Различната музика различно влијање на нас – некои песни се идеални за вежбање, некои ги возбудуваат нашите емоции, а ако барате идеална музика за „добра ноќ“, се издвојува една песна.

Имено, со помош на амбиенталниот бенд Маркони Унион, научниците ја направија песната „Weightless“ пред неколку години, за која тврдат дека најдобро ослободува од стрес, а истражувањето на Миндлаб Интернешнл покажа дека навистина функционира – слушањето на оваа песна го намалува нивото на анксиозност кај испитаниците за дури 65 отсто.

Целта на научниците беше да се намали крвниот притисок, нивото на стрес и да се забави отчукувањата на срцето на слушателите со помош на музика, и тие го постигнаа тоа благодарение на сонувачките и смирувачки мелодии на пијано и гитара, електронски матрици на звуци од природата, внимателно уредени елементи како што се бас и ритам.
На испитаниците прво им беа дадени задачи што треба да ги решат што е можно поскоро. Ова го зголеми нивото на стрес, а во позадина им се пуштани различни релаксирачки песни. За цело време, испитувачите ја следат нивната активност на мозокот, отчукувањата на срцето, брзината на дишење и крвниот притисок. Се испостави дека слушањето на песната „Weightless“ резултирало во таква смиреност што тврдат дека е опасно да ја слушате додека возите.

Оваа песна е слушана повеќе од 55 милиони пати само на „Јутјуб“, а Ричард Талбот од бендот „Маркони Унион“ вели дека работењето со музички терапевти му помогнало да разбере како и зошто одредени звуци влијаат на расположението на луѓето.

Слични содржини