Пет лица убиени во вооружен напад во Израел

од Nikola Popovski

Пет лица загинаа, а едно е тешко повредено во вооружен напад за кој постои сомневање дека е терористички на две места во Бнеи Брака во близина на Тел Авив, јавија израелските медиуми.

Напаѓачот наводно возел мотор и бил „неутрализиран“, како што се наведува.

Портпаролот на израелската полиција Ели Леви и градоначалникот на Бнеи Брака, Аврам Рубинштајн, побарале од минувачите да се засолнат и да дозволат брза помош да дојде на местото на нападот.

Околностите на овој инцидент не се веднаш јасни, наведува АП, и потсетува дека двајца полицајци беа убиени пред два дена во вооружен напад во северниот израелски град Хадера, а четири лица беа убиени во напад со нож во Бершева на југот од државата пред една недела.

Исламска држава ја презеде одговорноста за двата напади минатата недела во кои беа убиени напаѓачите, а во Израел постои загриженост дека ќе има ново насилство.

Фото: AVSHALOM SASSONI/MAARIV

Слични содржини