Пет лица загинаа, а две се повредени во напад со лак и стрела во Норвешка

од Nikola Popovski

Најмалку пет лица загинаа, а неколку се повредени во напад со лак и стрела во норвешкиот град Конгсберг. Напаѓачот набрзо бил уапсен, а полицијата во меѓувреме ја евакуирала областа.

Нападите се извршени во „пошироката област“ Конгсберг, град со околу 28.000 жители во југоисточна Норвешка, соопшти полицијата.

Видеото што кружи по социјалните мрежи покажува како човек кој е осомничен дека ги извршил нападите и се предал на полицијата. Бил облечен во црно одело, а излегол пред полицијата со кренати раце.

 

Во меѓувреме се огласил, шефот на полицијата кој деталмо зборувал за тоа како изгледала акцијата за апсење.

– Добивме пријава во 18:13 часот, а го уапсивме во 18,47 часот, затоа што првиот обид за апсење, за жал, пропадна. Полицијата испука неколку предупредувачки куршуми, но тој успеал да избега. Во еден момент, ја загубивме контролата над него, но подоцна беше уапсен во блискиот град Драмен, вели началникот.

Нападот наводно започнал во супермаркет, а напаѓачот наводно сменил локација и случајно испукал стрели кон луѓето.

– Еден од повредените е полицаец кој се спротивставил на напаѓачот. Во тоа време тој беше надвор од служба – изјави шефот на полицијата, додавајќи дека приведувањето на напаѓачите не поминало без проблеми.

Полицијата соопшти дека истрагата е во тек и дека не може да потврди дали овој напад е поврзан со тероризам.

Борбената готовност во целата земја е подигната на највисоко ниво.

Локалните медиуми јавуваат дека припадниците на елитната полициска единица и армија ја обезбедуваат областа Конгсберг. Тие пишуваат и дека десетина амбулантни возила биле присутни на местото на инцидентот, а два хеликоптери го надлетуваат градот.

Министерката за правда Моника Меланд била информирана за нападот и внимателно ја следи ситуацијата, соопшти тамошното министерство.

Фото:  PROFIMEDIA

Слични содржини