Пет мажи и една жена со секири влегле во куќа, демолирале сѐ и повредиле неколку лица

од Берта Китинска

Основното јавно обвинитечство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица – петмина мажи и една жена, за кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

-Постои основано сомнение дека лицата на возраст од 19 до 42 години, на 12 ноември, влегле во куќата на едно оштетено лице на улицата „Морава“ и во група извршиле грубо насилство. Со употреба на секири, ножеви, рачки од секири и други тврди предмети започнале да ја демолираат куќата, а на едно од присутните лица во домот му нанеле убодна рана со нож. Физички ги нападнале и другите присутни во домот, со тупаници, клоци и тврди предмети, нанесувајќи им телесни повреди и предизвикувајќи чувство на несигурност и страв.За сите осомничени јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлози за определување мерка притвор., соопштија од  ОЈО.

Слични содржини