Пет минути пред финалето со Ѓоковиќ, Циципас открил дека неговата баба починала

од Stefanija Kuzmanovska

ГРЧКИОТ тенисер Стефанос Циципас го загуби финалето на Ролан Гарос, иако водеше со 2:0 во сетови против Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер по првите два сета одигра многу подобро и на крајот со голем пресврт стигна до 19-тата Гренд слем титула во кариерата.

После натпреварот, откриено е дека Циципас дознал само пет минути пред финалето дека починала неговата баба, за која бил многу приврзан.

„Животот не е само победа или пораз. Тоа е уживање во секој момент од животот, без разлика дали сте сами или со други. Да живеете исполнет живот без мизерија и одбивање. Подигнувањето трофеи и славењето победи е нешто, но не сите. Пет минути пред да излезам на терен, мојата сакана баба ја изгуби животната битка. Мудра жена чија вера во животот и подготвеност да дава и да обезбеди не може да се спореди со ниту едно друго човечко суштество што некогаш сум го сретнал. Важно е да има повеќе луѓе како неа на овој свет затоа што луѓето како неа ве прават живи. Дави овозможат да сонувате. Би сакал да кажам дека ова, без оглед на денот, околностите или ситуацијата, е целосно посветено на неа и само неа. Ти благодарам што го воспита татко ми. Без него ова немаше да биде можно“, рече Циципас синоќа по последниот натпревар.

За Гркот, ова беше прво Гренд слем финале.

Слични содржини