Пет модни трикови кои треба да ги знаете

Наместо да бидете роб на трендовите кои минуваат и брзата мода, подобро поработете на стил и квалитетни парчиња во кои ќе заштедете пари.

Овие пет стилски трикови ќе ви помогнат да изгледате стилизирано во секој момент и другите ќе бараат совети од вас.

1. Одберете накит и модни додатоци кои ќе бидат ваша сигурна зона

Иако експериментирањето понекогаш е посакувано, добро е да имате парчиеа кои ќе ви послужат како спас кога не знаете како да ја закружите својата комбинација и да се чувствувате одлично во се што носите.

2. Носете облека во која ќе се чувствувате удобно

Како што истакнавме на почетокот – дајте предност на квалитетот, а не на квантитетот. Бирајте парчиеа кои ви стојат одлично и кои го исткнуваат најдоброто на вас. Колку и да ви се допаѓа некој тренд, доколку не ви прилега, помирете се со тоа, иаонака векот нема да му биде подолг од неколку месеци.

3. Облекувајте се слоевите

Слоевитиот аутфит најчесто е најдобар избор, а можноста за комбинации е бесконечна. Сепак, немојте да претерувате со премногу бои и материјали, ограничете се на максимално три аутфити.

4. Дајте и предност на едноставноста

Со префинетиот, класичен аутфит, не можете да згрешите. Имате премногу инспирација, комбинрајте едноставни парчња без луди примри и кроеви и ќе добиете одличен аутфит.

5. Не занемарувајте ја моќта на монохроматскиот аутфит

Доколку се луди за одредена боја и доколку добро ви стои, зошто да не ја облечете од глава до пети? Монохроматскиот аутфит изгледа многу моќно и одважно, а и факт е дека со него тешко ќе погрешите.

Слични содржини