Пет мртви во пад на хеликоптер во Јужна Кореја

од desk2

Војската на Јужна Кореја соопшти дека петмина загинале во падот на хеликоптер во базата на маринците во југоисточниот град Поханг.

Хеликоптерот се запалил по падот од височина од околу 10 метри.

Едно лице го преживеало падот и се наоѓа на лекување.
Хеликоптерот бил на пробен лет по поправка.

Војската ќе формира комисија за истрага за причините за пад на хеликоптерот.

Слични содржини