Пет намирници кои ја враќаат хидратацијата

од Stefanija Kuzmanovska

Високите температури во летниот период, колку и да се пријатни, го принудуваат телото да се пот и да губи течности, кои секако мора да се заменат. На крајот на краиштата, познато е дека човечкото тело е составено од 70 отсто вода.

Дали само ќе пиеме вода или ќе му помогнеме на организмот да ги замени течностите со конзумирање на храна со висок процент на вода како лубеница, диња, краставица, домат, тиквички – препораката е комбинирана.

Лубеницата содржи 92 отсто вода. Покрај хидратација, оваа намирница ќе ни донесе и доволна количина овошни шеќери, а добро ќе делува и во борбата против целулитот и подобрување на тенот.

Дињата, како и лубеницата, содржи висок процент на вода, 90 отсто, благодарение на што го хидрира телото, лади и освежува. Дињата е многу вкусна, со атрактивни, убави бои, а може да се комбинира во овошна салата, но и во солена варијанта со пршута.

Краставицата содржи 95 отсто вода во својот состав, многу ќе ни помогне во исфрлањето на насобраните отрови од организмот. Познато е дека тие влијаат на здравјето на кожата, а се составен дел на козметичките препарати.

Доматите, покрај високиот процент на вода за хидратација на телото (71 отсто), содржат многу важни антиоксиданси, корисен витамин Ц и ликопен-пигмент за поздрава и повитална кожа.

Тиквичките исто така имаат висок процент на вода, 95 отсто, а освен што помагаат при замена на течности, содржат и важни антиоксиданси кои помагаат во борбата против слободните радикали.

Слични содржини