Пет работи што нема да се случат на Самитот во Софија, а требаше

од desk2

 

Самитот на лидери на Европската унија и Западен Балкан во Софија не дава повод за оптимизам, пишува BBC на српски јазик.

Земјите од Западен Балкан многу очекуваа од самитот ЕУ-ЗБ кој денеска почнува во главниот град на Бугарија.

Средбата на 28 шефови на држави и влади од ЕУ со нивните колеги од шесте западно-балкански држави кои бараат членство во ЕУ- – Македонија, Србија, Албанија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина – требаше да даде нов замав во процесот на проширување. Со тоа што Бугарија во моментот претседава со Европската унија, таа одлучно го поддрша овој процес.

Освен тоа, Самитот се одржува три месеци откако Европската комисија објави амбициозна Стратегија за проширување, која содржи ветување дека Србија и Црна Гора, како предводнички во преговорите за придружување, може многу брзо да станат членки.

Во Лондон, во рамките на Берлинскиот процес, веќе во јули ќе биде одржан уште еден самит на иста тема, па едно време изгледаше дека собирот во Софоја е иделан подготовка за него.

Но, изгледа ентузијазмот за проширување наговестен во Стратегијата веќе спласна.

Еве кои пет работи нема да се случат во Софија, а требаше:

Нема да присуствуваат сите: Шпанскиот премиер Маријано Рахој го бојкотира собирот затоа што според него повикани се претставници на Косово, кое Шпанија не го признава. Шпанците последните месеци се заострија во ставот за Косово, затоа што тоа може да стане модел за отцепување на каталонија. Изостанокот на еден од 28 лидери не мора да значи ништо, но ако се има предвид дека за одлуки за проширување на ЕУ е потребен консензус на сите членки, бојкотот праќа лош сигнал.

Балканот нема да биде во центарот на вниманието: Повлекувањето на САД од нуклеарната спогодба со Иран и неодамнешното крвопролевање во Газа ќе бидат, всушност, доминантни теми на самитот, што го најави и германската канцеларка Ангела Меркел. СО оглед на тоа дека е неформален собир без цврст дневен ред, постојат добри шанси лидерите од Западен Балкан да останат во втор план, додека на главната маса ќе седат големи играчи кои ќе претресуваат поважни теми.

Нема многу да се зборува за проширување: На инсистирање на Шпанија, од нацртот на завршната декларација исфрлен е зборот „проширување“ и заменет со магловитиот термин „европска перспектива“. Освен тоа, повторно поради Шоанија, место „држави од Западен Балкан“ се зборува за партнери од Западен Балкан, затоа што Косово во очите на Шпанија не е држава. Во декларацијата не се спомнуваат поединечни земји, ниту рокови за проширување. Ова претставува барем два чекори назад од февруарската Стратегија.

Македонија и Албанија остануваат блокирани: Пред самитот се веруваше дека може до неговиот почеток да дојде до компромис во спорот околу името меѓу Грција и Македонија, што би отворило можност Македонија конечно да ги почне преговорите за членство. Тоа не се случи. И Албанија, која во текот на минатите месеци спроведе радикална реформа на судскиот систем, се надеваше на почеток на преговори, но од тоа за сега нема ништо.

Нема да има напредот околу Косово: Постоеше надеж дека до самитот може да дојде напредок во врска со формирањето Заедници на српски општини, што би го одмрзнало бриселскиот дијалог за нормализација. Судејќи според најавите на приштинските власти, ни од тоа нема ништо. Косово се надеваше и дека по ратификацијата на границата со Црна Гора ќе биде поблиску до укинувањето на шенгенската зона, а сега од нив се бараат чекори за сузбивање на корупцијата и организираниот криминал.

Секако, погрешно ќе биде ако се каже дека самитот е без некаквна корист: ќе се потпишат некакви договори за инфраструктурни проекти (за кои нема пари), прекугранична соработка, унапредување на трговските односи… Сепак, многу помалку од она што до неодамна се очекуваше.

Се гледаве во Лондон во јули.

Слични содржини