Пет совршени дестинации за есен

од desk4

Ако досега верувавте дека летото е совршена сезона за патувања, тогаш не сте во право, бидејќи есента е многу подобро време да ги спакувате куферите и да одите на одмор. Да, времето не е толку сончево и всушност е доста променливо, но тоа не значи дека мора да останете во канцеларија или дома без да тргнете во нови авантури.

 

Напротив, во моментов, кога сите се враќаат од море и започнува новата работна сезона, совршено време е да го испланирате патувањето, главно затоа што ќе избегнете сообраќајни гужви по патиштата и ќе немате проблем со резервации на вашите авионски билети.
Овие се петте места кои се одлични дестинации за есенски одмор, но во исто време нема многу гужви од туристи.

Рим, Италија – е секогаш добра опција, без разлика кое време е од годината. Во есента, големите гужви веќе се намалуваат и ќе имате подобра можност да ги истражите локалните знаменитости. Рим е прекрасен во октомври, а покрај тоа има и големи намалувања на цените.

Барселона, Шпанија – причината за да се биде во Барселона во октомври е иста – малку туристи и пријатни температури. Ова ќе ви помогне подолго да шетате во овој голем и шарен град. Тука постојат многу места кои заслужуваат посета!.

Пафос, Кипар – времето тука во октомври е брилијантно! Протокот на туристи е сè уште голем, но овој прекрасен град вреди да се посети поради големиот број историски места, пријатни ресторани со квалитетна храна и прекрасни погледи.

Минхен, Германија – ако не сте го посетиле Октоберфест, дефинитивно треба да го сторите тоа! Во овој момент, ниту цените се ниски, ниту протокот на туристи е мал, но настанот е многу возбудлив. Октоберфест го живнува градот со традиционалните носии на Баварците и музиката.Топло ви го препорачуваме, особено ако сте обожавател на пиво.

Париз, Франција – е секогаш прекрасен, но наесен е уште поубав и пријатен. Парковите се покриени со шарени есенски лисја, се чувствува мирисот на свежи кроасани со путер, па дури и дождливите денови има слатка романса. Есента е одлично време да пиете ароматично вино во комбинација со традиционален фуагра (паштета од црн дроб од гуска) во Франција. Звучи одлично, нели?

Слични содржини