ПЕТ ВИТАМИНИ кои ѝ се неопходни на секоја жена по 35-тата година од животот

од Stefanija Kuzmanovska

Ако сте во четвртата деценија од животот и сакате да се чувствувате добро сега и уште многу години, вклучете ги овие хранливи состојки или во вашата исхрана или како додаток (во согласност на вашиот лекар):

Витамин Ц

Дали се чувствувате подготвени да „експлодирате“ поради најмала причина? За тоа можеби се виновни вашите хормони! Од 35-та година наваму, функцијата на јајниците почнува да опаѓа, што значи дека телото произведува помалку прогестерон – хормон кој ви помага да останете смирени. За да одржите високи нивоа на прогестерон, потребен ви е витамин Ц. Треба да земате од 750 до 1000 мг дневно.

Магнезиум

Сте слушнале за луѓе кои страдале од грчеви во нозете затоа што имале недостаток од магнезиум, а дејството на овој метал е многу посложено. Важно е за жените постари од 35 години да имаат соодветно ниво на магнезиум, особено ако страдаат од ПМС (предменструален синдром), бидејќи неговиот недостаток предизвикува менструални грчеви, проблеми со спиењето и симптоми на вознемиреност. Покрај тоа, магнезиумот е неопходен за лачење на серотонин, хормон кој го крева нашето расположение. Количината што ѝ е потребна на жена од оваа возраст е 200-400 мг на ден.

Витамин Д

Густината на коските кај жените го достигнува својот врв на возраст од 30 години, а потоа почнува да опаѓа. За да избегнете остеопороза по менопаузата, потребен ви е не само калциум, туку и витамин Д – витамин неопходен за апсорпција на калциум, кој недостасува кај 25 отсто од жените. Едноставен тест на крвта ќе ви покаже дали ја имате потребната количина. Ако имате семејна историја на остеопороза, разговарајте со вашиот лекар за земање додаток на калциум и/или витамин Д. Алтернативно, дополнете ја вашата исхрана со зелен зеленчук, сардини или храна збогатена со калциум.

Омега 3

Бидејќи не јадете риба секој ден, големи се шансите дека ќе ви треба додаток во исхраната со омега-3 масни киселини, кои помагаат во намалувањето на нивото на кортизол во крвта и се борат против воспаленијата, кои се извор на многу проблеми, стрес или депресија. За да ги спречите, потребни ви се 2000 мг омега-3 на ден.

Селен

Жените имаат осум пати поголема веројатност да развијат проблеми со тироидната жлезда отколку мажите, а овие шанси се зголемуваат со возраста, но и со други фактори, како што е бременоста. Значи, ако сега полните 35 или повеќе години, добро е редовно да се прегледувате за какви било проблеми со тироидната жлезда. Покрај тоа, истражувањето покажа дека внесувањето на доволни количини на селен е од суштинско значење за да се спречат ваквите проблеми. Лесен начин да ја добиете препорачаната дневна доза е да јадете 2-3 бразилски ореви 2-3 пати неделно.

Слични содржини