Петар Богојески од Градски парк: Домаќинлукот по дворот се познава – колку сме во Скопје домаќини по Градски парк се познава

од Aleksandar Petrovski

Домаќинлукот по дворот се познава. Колку сме во Скопје домаќини по Градски парк се познава. Градскиот парк во Скопје може да биде место за релаксација и одмор од градската гужва и секојдневните проблеми.

„ Денес сретнавме прекрасни луѓе, кои и покрај желбата да одморат од градската гужва, беа отворени за разговор со нас. Се е јасно. Нема простор за ветувања, програми, се е слушнато и видено веќе 30 години! Редно е да го смениме политичкиот систем, да падне овој естаблишмент ”, изјави Петар Богојески носител на листа за пратеници за ИЕ1.

Македонски концепт креаира поинакви јасни политики кои ќе донесат суштински промени за нашата држава. Имаме јасна идеја и цел и знаеме како. 15 јули е денот кога без разлика на политичката определба, сите граѓани масовно треба да излезат на гласање и да го заокружат бројот 10.

„ 10ка е број кој менува. Само заедно можеме да се избориме за суштински промени“, додава Богојески.

Слични содржини