Петар Грашо открива како ќе изгледа гала свадбата со Хана

од Stefanija Kuzmanovska

На манифестацијата MAC, Петар Грашо ја доби наградата за најдобар концерт на годината.

По доделувањето на наградата, пејачот даде изјава за медиумите во која откри се за свадбената веселба што ја подготвува, како и за крштевката на детето.

„Подготовките за крштевката течат анонимно, така ја планиравме и општинската венчавка, но не успеавме да го сокриеме тоа од новинарите. Медиумите се коректни, но ние би сакале да биде само фамилијарен настан. Во секој случај, подготвуваме нормална прослава без конфети“, изјави пејачот, пренесе „Нова.рс“.

Да потсетиме, Петар и Хана се венчаа во општината и го одбележаа тоа со семејна веселба, пред шест месеци станаа родители, а сега се подготвуваат за крштевка и гала свадбена веселба.

Слични содржини