Петардите во Хрватска се забранети со закон

од Nikola Popovski

Од денес во Хрватска се забранети петардите, откако стапи на сила законската забрана за продажба и употреба на пиротехнички средства од категориите „Ф2“ и „Ф3“.

Од Здружението „Пријатели на животни“ ги повикаа граѓаните да ги предадат преостанатите количини петарди на полицијата или да ги вратат во продавниците каде што ги купиле, пренесува порталот Индекс.

Здружението наведува дека слабиот одговор на апелите да не се фрлаат петарди, особено ако се земе предвид вознемиреноста кај населението поради неодамнешниот земјотрес, е уште една причина зошто законската забрана е единствениот ефикасен начин за заштита на граѓаните и животните.

Слични содржини