download
Украинските поддржувачи на поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили собраа повеќе од 26 илјади потписи, на петиција во која се препорачува тој да биде премиер на Украина. Саакашвили кој од мај годинава управува со украинскиот регион Одеса, рече дека не се гледа како украински премиер. Претседателот Петро Порошенко во август презентираше систем за петиција на интернет, според кој секој што ќе собере повеќе од 25 илјади потписи треба да биде разгледан од претседателот. Петицијата за поддршка на кандидатурата на Саакашвили на 3 септември беше официјално доставена.

Слични содржини