Петиција против филмот каде Исус е претставен како лезбејка, во него глуми ќерката на Мајкл Џексон

од Aleksandar Petrovski

Над 260.000 луѓе потпишаа петиција за забрана на филмот во кој глуми ќерка на Мајкл Џексон. Името на филмот е „Навика“, а во него игра Париз Џексон која го глуми Исус!
Овој филм е во режија на Џанел Ширчлиф, што е нејзино деби. Главната улога ја игра Бела Торн, а сценарист е Суки Кајзер, која исто така работеше на приказната во серијалот „Ван Хелсинг“.

Деталите за заплетот сè уште не се познати, но познато е дека Торн глуми „паметна девојка која се журка, за која Исус е фетиш. Кога ќе биде вмешана во насилен инцидент со дрога, таа единствениот излез го гледа во тоа да се маскира како монахиња …“

Заплетот на филмот згрози огромен дел од американската јавност. Наскоро се појави петиција, која можете да ја најдете на Интернет, насочена против студијата „Warner Bros“ и „Lionsgate“, во која се тврди дека Џексон ќе го прикаже Исус како лезбејка! Исто така се наведува дека филмот е фобија од христијаните, „богохулење“ и „антихристијанско ѓубре, кое се шири деновиве, и е прифатено и поддржано од општеството“.
Во исто време, групата „Милиони мајки“ ја започна својата петиција, која ја потпишаа уште 70.000 луѓе.

Филмот е во пост-продукција, а засега нема информации за датумот на премиера.

Слични содржини