„Петкашите“ паднаа на тестот: „Потребна е департизација во образованието“

од Vladimir Zorba

Од 292 ученици само 11 кои полагаа приемен испит во скопската гимназија „Орце Николов” имаат одличен успех на тестот. Резултатите од тестирањето беа фрапанти, со оглед дека мал број од тестираните покажале одличен успех.

Професорот Томислав Гиевски, кој е и преседател на Независниот Синдикат за Образование и Наука (НСОН) во разговор за „Локално“ вели дека оваа состојба се должи на огромниот притисок од страна на центрите на политичка моќ кон вработените во секторот образование.

-Со години не бираат методи со кој прават притисок врз просветните работници, а се со цел да се добие поголем успех, односно повисоки оцени за одредени ученици.Добар дел од просветните работници немаат доверба во институциите, стравуваат од пријави од родители и постапуваат на линија на помал отпор, смета Гиевски.

Тој посочува дека многу работи треба да се менуваат, а за почеток го вперува прстот кон „потребна за поголема автономија и поголема слобода на просветните работници во сопствената работа“.

Томислав Гиевски, НСОН

Томислав Гиевски, НСОН

-Потребно е час поскоро да започне целосна департизација во секторот образование односно влијанието на политиката да се сведе на минимум во образовните институции. Само на тој начин би можеле да добиеме образование кое ќе почне да наликува на високо развиените држави од Западна Европа.Работничките права се исто така многу битен сегмент во квалитет на воспитно образовниот процес како и самото оценување. Со години, трудот на просветните работници е вреднува со почетна плата која е под републичкиот просек, а сето тоа предизвикува и намалување на мотивацијата за работа кај работниците, подвлекува Гиевски.

Тестирањето на децата кои се запишуваа со просек 5.00, кое за жал покажа многу слаби резултати, не е „реалната слика на сублимирањето на оценката по истиот предмет“ според професорката Е.В. од средно училиште во Скопје, која сакаше да остане анонимна поради страв од притисоци.

Таа посочува дека како професор со повеќе од 15 години искуство во средно образование овој ,,проблем,“ со кој на тапет е ставена целата професорска фела не ја „остава рамнодушна“.

– Децата беа под голем стрес на самото тестирање,но да не заборавиме изминатите две години под каков стрес функционираше општеството, а да не говориме образовниот систем, подвелкува таа.

Професорката посочува дека кога се формираат оценките кај ученикот,особено петките,се зема впррдвид целокупната активност негова од сите аспекти во континуитет на целата учебна година,усното одговарање,писменото тестирање,редовноста на ученикот и сл.

-Врз основа на сите овие согледување,сметам дека учениците не ја дадоа реалната слика за нивните заслужени оценки и сега се линчувани од сите страни на социјалните мрежи.

Тестирање во рок од 2 дена покажува само каква е нереалната слика на постигнатиот успех од ова тестирање, смета таа.

Оценките не ја оставија рамнодушна и публиката на социјалните мрежи

Резултатите на „петкашите“ предизвикаа жестока деба и на социјалните мрежи, каде преовладува мислењето дека „децата се најмалку виновни“.

„Целите што треба да се постигнат од учењето се погрешно поставени. Не се учи за знаење и животно воспитание, туку за оцена. Целиот образовен систем од основно до високо образование е базиран на квантитет и непотребни програми и предмети, наместо на квалитет и насочување на образованието кон рационални и практични потреби за поединецот и општеството“…….

„Жално за децата и за сите нас. Овие генерации се иднината на оваа држава. Но да не глумиме лудило не се децата криви“…

„Податоците за основното образование објавени од ОН за Македонија сами си ги потврдивме, воспитно образовниот систем го достигна дното и продолжуваме со упропастување на генерации за ЖАЛ“……

„Резултат од односот „Знаеш кој сум јас“. Жално колку неук народ сме, неписмен или полуписмен“…..

„Не се криви децата, најмногу ги сакати онлајн наставата, таа негативно допрва ќе се одрази на учениците“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.

Во гимназијата годинава се отворени 285 места, а во првиот уписен рок се пријавиле 353 ученици, од кои 337 со сите петки. Бидејќи има 52 ученици повеќе со 75 поени, Министерството за образование донесе одлука да се полага приемен испит.

Беа тестирани 292 ученици кои полагаа математика и македонски јазик за осмо одделение кога наставата беше онлајн и деветто одделение. Тестот по математика носеше максимум 100 поени, а по мајчин јазик максимум 70 поени.

Според резултатите голем дел од учениците покажале слаб успех, иако во основно имале само петки.

Имено, одличен успех (над 129 бода, т.е. над 76 отсто) имаат покажано само 11 ученици, односно само 3,76 отсто од тестираните.

Многу добар успех (од 107 до 129 бода, т.е. од 63 до 76 отсто) имаат покажно 39 ученици, односно 13,36 отсто од тестираните.

Добар успех (од 67 до 106 бода, т.е. од 39 до 63 отсто) имаат покажно 133 ученици, односно 45,55 отсто од тестираните.

Доволен успех (од 45 до 66 бода, т.е. од 26 до 39 отсто) имаат покажно 70 ученици, односно 23,97 отсто од тестираните.

Недоволен успех (под 45 бода, т.е. под 26 отсто) имаат покажно 39 ученици, односно 13,36 отсто од тестираните.

Б.М.

Слични содржини