Петков: Ако францускиот предлог е точен, ќе се гарантираат правата на Бугарите во Македонија

од Nikola Popovski

Нема да носам никаква самостојна одлука по прашањето за С. Македонија, само би ја следел волјата на бугарскиот парламент, повторил вечерва бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за „БНТ“.

Според него, „за владината коалиција да остане нестабилна постојано се зборувало за С. Македонија“.

-И постојано повторував дека нема да има одлука без бугарскиот парламент. И никој не сакаше да го слушне тоа, бидејќи не му одговараше. Единствено што ќе кажам на масата со лидерите на Европа е дека нема да направам промена на бугарската позиција доколку нема одлука од бугарскиот парламент, потенцирал Петков.

Тој призна дека не го прочитал, ниту видел францускиот предлог, бидејќи утрово веднаш бил испратен во Бугарското народно собрание.

-Ако тоа што го слушам е точно, францускиот предлог ќе им ги гарантира правата на Бугарите во РСМ и во однос на антидискриминацијата и во однос на Уставот, додал Петков во интервјуто.

Бугарскиот премиер не очекува дека до гласањето за доверба на владата во среда, ќе има дебата во Собранието за темата за С. Македонија.

-Првите услови со PCM беа 5+1 барањата. Со најава за нов пристап кон пријателскиот говор веднаш се согласија и станаа 4 +1 без да се бара реципрочен одговор од Бугарија, изјавил Петков.

Слични содржини