Петков: Имаме 15 години да ги решиме прашањата со С. Македонија

од Nikola Popovski

Можеме да бараме сѐ од Северна Македонија, но крајната цел е да имаме вистинско добрососедство со зачувување на нашето бугарско достоинство. Крајно време е да престанеме да размислуваме за Балканот како националистички регион, вели бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за радиото Дарик.

Според него, балканскиот регион е пазар со големина на Франција и можеме да бидеме многу поуспешни доколку сме сите сложни и соработуваме.

-Проблемите се проблеми, треба да работиме на нив, но да работиме конструктивно, а таму каде што можеме заедно да поправиме нешто, да го направиме тоа, рече Петков во коментар за новиот пристап на Бугарија во преговорите со Македонија.

-Сепак, историјата не може да се заборави и не треба да се игнорира, додаде премиерот.

-Да ја оставиме Северна Македонија на патот кон Европа, не значи да ја пуштиме да замине во Европа. Има околу 15 години од оваа до втората точка. Ако го направиме процесот на откривање и развивање на историската вистина, имаме период од 15 години во кој можеме да работиме. Мора да се отстрани дискриминацијата и јазикот на омразата, објасни премиерот, објави „БНР“.

Слични содржини