Петков по средбата со Ковачевски: Не се обврзавме на никакви рокови, го задржуваме конструктивниот тон

од Nikola Popovski

Најважно за двете влади во овој момент е да имаат конструктивен дијалог, да го продолжат и да не подлегнуваат на провокации, изјавил бугарскиот премиер Кирил Петков по неговиот разговор со премиерот Димитар Ковачевски во Рим.

-Само со конструктивен дијалог можеме да продолжиме во насока на добрососедство што во моментов го посакуваат двете влади, рекол Петков.

Кога ќе се врати во Бугарија, бугарскиот премиер најавил дека ќе разговара со претседателот на Бугарија, Румен Радев за свикување на Конструктивниот совет за национална безбедност за да го претстави извештајот на МНР за односите меѓу двете земји.

-Не се обврзавме на никакви рокови, единствено што се обврзавме е да го задржиме добриот тон, министерствата за надворешни работи да продолжат да работат. Си ветивме дека ќе се зачува конструктивниот тон, порачал Петков.

На средбата присуствуваа и министрите за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска и на Северна Македонија Бујар Османи.

Претходно денеска делегациите на двете земји одржаа одвоени аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, по повод 24-ти мај, денот на Св. Кирил и Методиј.

Слични содржини