Петков под истрага, имал бугарско и канадско државјанство, а не пријавил

од Milan1

Копретседавачот на „Продолжуваме со промената“ и поранешен министер за економија, кој е познат и како идниот премиер на Бугарија, имал двојно државјанство, односно освен бугарско имал и канадско државјанство и истото не го пријавил и поради тоа е под истрага.

Рокот на проверка на државјанството на поранешниот  министер за економија Кирил Петков е продолжен до средината на декември. Се започна кон крајот на август, откако обвинителството беше известено по електронска пошта дека тој има и бугарско и канадско државјанство.

Обвинителството соопшти дека истрагата против Петков трае речиси еден месец по формирањето на владата и еден ден откако Уставниот суд објави дека копретседавачот на „Продолжуваме со промената“, кој е познат и како идниот премиер, имал двојно државјанство на 10 мај кога со претседателски декрет е именуван за министер. Но, тој изјавил дека има само бугарско државјанство, што, според правниците, значи дека потпишал документ со неточна содржина.

Од обвинителството информираа дека од Уставниот суд ќе бидат побарани сите списи во врска со случајот и дека овој процес е во тек.

Портпаролот на специјалното обвинителство Христо Крастев за Бугарското национално радио објасни дека треба да се чекаат документи од Антикорупциската комисија, на која како привремен министер, Петков имал обврска да поднесе изјава за некомпатибилност.

По тој датум, надзорниот обвинител ќе има уште еден месец да каже дали има или нема докази за сторено кривично дело од Петков, истакна Крастев.

Слични содржини