Петков: Темата С. Македонија се користи за да се одвлече вниманието

од Vladimir Zorba

Темата Северна Македонија се користи за да се одвлече вниманието. Ова го изјави премиерот на Бугарија, Кирил Петков по денешната владина седница.

„Борбата против мафијата продолжува. Не паѓајте во замката да се обидувате да го одвлечете вниманието на јавноста“, рече тој.

Според него, денешната вест е извештајот на меѓуресорската комисија меѓу министерствата за финансии и регионален развој, која констатирала неправилности од околу 2,5 милијарди лева (1,25 милијарди евра) во областа на градежништвото.

„Олук од шест метри ги чини даночните обврзници еден милион лева (500.000 евра)“, рече Петков за некои од наодите од извештајот.

Петков потврди дека Владата ја усвоила одлуката со која се предвидува сите предлози од француското претседателство со Советот на Европската унија или од некоја земја членка на тема Република Северна Македонија и почеток на преговорите за нејзино членство во ЕУ да бидат разгледани во собраниска Комисија за надворешна политика.

„Ниту еден политичар отсега не може да каже дека владата може да дејствува еднострано. Одлуката е на парламентот“, прокоментира Петков.

Слични содржини