Петков: Зошто нема летови и железничка линија меѓу Софија и Скопје?

од Nikola Popovski

Копретседателот на коалицијата „Промената продолжува“, и најверојатно идниот мандатар на бугарската влада, Кирил Петков уште еднаш повтори дека треба да се формираат работни групи меѓу Македонија и Бугарија, кои ќе се состануваат шест месеци.

-Ова го сметам за да не имаат збор само националистите од двете страни. Зошто нема летови и железничка линија меѓу Софија и Скопје? Ајде да зборуваме повеќе за економија отколку за различни толкувања на заедничката историја, отколку за учебниците во Северна Македонија во кои пишува дека Бугарите се фашисти. Ако сега дадеме зелено светло за пристапни преговори без дискусија, тоа само ќе ги зајакне националистите во двата табора. Се потпираме на преговори наместо на пропаганда, категоричен Петков, во интервју за гермаски „Шпигел“.

Слични содржини