Петковски: Изјавта на Радев „Нема “ДА” за Македонија“ e популистчка и националшовинистчка за борба за втор мандат

од Берта Китинска

Румен Радев говори дека: “Нема “ДА” за Македонија, се додека не се искорени изопачениот став кон Бугарија”.И тоа воопшто не ме вознемирува. Станува збор за докажан популист и националшовинист, кој се бори за втор претседателски мандат, пишува на својот Фејсбук профил лидерот на НСДП, Тито Петковски.

-Многу повеќе ме загрижува втората и за него најважната причина за бугарското вето, која папагалски ја повторува при секој јавен настап, дека Бугарија нема да дозволи “кражба на историјата”.Ароганцијата и нескриениот триумфализам при неговата изјава од Брисел за бугарското “НЕ” на преговарачката рамка, произлегува од фактот што тоа се зборови кои се обиде Германија да ги протне во преговарачката рамка, за време на Германското претседателство со ЕУ.Како што е познато, тие зборови отпаднаа по силното противење на Чешка и Словачка.Радев сакаше само да покаже, кој ја подржува Бугарија во овој “изопачен” однос на Бугарија кон Македонија.Нај жалосно од се’ е, што во оваа валкана игра на Бугарија е вклучена целата ЕУ, пишува Петковски.

Слични содржини