Петковски: Каракачанов, Захариева и Ковачев се три дози дневна провокација кон С.Македонија

од Берта Китинска

Бугарија нема простор да направи нешто во врска со преговарачката рамка, ние и правиме предизборна кампања на Бугарија, тие имаат три дози дневна провокација. Наутро  ќе се јави Каракачанов, на ручек Захариева, навечер Ковачев или обратно, и ние  веднаш реагирам и оваа ситуација предизвикува фрустрации,вели претседателот на НСДП, Тито Петковски, поранешен претседател на Собранието за Студио 10 на ТВ24.

Според него спорот меѓу Македонија и Бугарија ниту започнал ниту ќе заврши сега.

„Спорот меѓу Македонија и Бугарија ниту започнал ниту ќе заврши сега. Ова што сега и се случува на Македонија со Бугарија е четвртиот пораз на Бугарија. Во колумна во 2005 година напишав „не дај боже Бугарија да влезе во ЕУ пред Македонија, така ние никогаш нема да влеземе во ЕУ“. Бугарите се нервираат што се уште не успеаја да го убијат чувството на Македонците што живеат во Бугарија“ вели  Петковски.

Слични содржини