Петличковски: Со вакцината оние кои ќе заболат од ковид ќе имаат поблаг тек на болеста

од Берта Китинска

Директорот на Институтот за имунологија д-р Александар Петличковски во емисијата „Студио 10“, објасни зошто во моментов една од најдобрите вакцини против ковид 19 е вакцината на Фајзер.

-Досег најшироко најраспространета е вакцината на „Фајзер“, и таа покажува одлични резултат кои ги покриваат клиничките резултати. Вакцините не скокнаа од лабораторија вендаш на пазар, пред се тие поминаа многу клинички испитување. Вакцината е за да се намали бројот на заболени и оние кои ќе заболат да имаат поблаг тек на болеста, да не дојде до тешки состојби. Клиничките студии покажаа податоци  за секоја вакцина различна ефикасност. Веќе се собираат податоци од терен и за оваа вакцина има најголем број на резултати од Израел и во оваа земја каде се милиони вакцинирани лица се следат статистиките и бројките се прекрасни, вели Петличковски.

Слични содржини