Петмина кандидати во трка за градоначалничката функција во Штип

од Берта Китинска

Денеска почнува изборниот процес за избор на нов градоначалник во Штип.

Избраниот кандидат ќе има мандат од девет месеци, до новите редовни локални избори во 2021 година.

Граѓаните на Штип своето право на глас можат да го дадат за еден од петмината кандидати за градоначалник.Кандидатот од СДСМ е доктор Сашко Николов, од група избирачи Трајче Митев, ТМРО Лазар Наумов, коалиција „Иднина во нашите раце” Гоце Ангелов и Интегра Македонска конзервативна партија Симон Поликарп.

Правото на глас од утринава го остваруваат 12 болни од Ковид 19 и лица кои се изолирани поради контакт со некој од заразените. Во сабота, гласаат болните и немоќните и осудените лица.

Во недела е изборниот ден, кога во 7 часот ќе се отворат гласачките места, а во 19 часот ќе се затворат. Според Државната изборна комисија, во изводите од Избирачкиот список за гласање во Општина Штип  запишани се 39.605 гласача.

Во посебниот избирачки список што се однесува на лица кои се на привремен престој или работа во странство се запишани 2.103 лица, во посебниот избирачки список кои се во затвор или во притвор запишани се 67 граѓани и лица згрижени во домови за вонсемејна заштита се двајца гласачи.

Слични содржини