Петрески: Инфлацијата е увезена однадвор

од Берта Китинска

Оваа инфлација е во целост увезена однадвор, преку цените на примарните производи, односно на енергенсите и храната, смета универзитетскиот професор Марјан Петрески кој додаде дека во моментот нема потреба од корекција на каматите бидејќи засега инфлаторните притисоци доаѓаат само од страна на понудата.

–Засега инфлаторните притисоци доаѓаат само од страна на понудата, односно помалата понуда. Нема притисоци од страна на побарувачката, што се гледа преку податоците за потрошувачка на домаќинствата. Оттаму, во моментот нема потреба од корекција на основната камата, преку која се регулира побарувачката, т.е. преку зголемување на каматите да се дејствува врз намалување на побарувачката, истакна Петрески во синоќешното гостување на емисијата „Топ тема” на телевизија Телма.

Посочи дека кога има притисок на страната на побарувачката тогаш треба да делува централната банка, но оти во моментот се уште не постои таков притисок за да треба да се менува каматната стапка.

Слични содржини