Петрески: Просветарите заслужуваат повисока плата – нивниот влог е во иднината на оваа држава

од Берта Китинска

Универзитетскиот професор Марјан Петрески во емисијата 24 анализа смета дека секој заслужува да има повисок животен стандард и тој се гледа преку платата.

– Просветарите заслужуваат повисока плата зошто нивниот влог е во иднината на оваа држава. Вложувањата треба да ги направиме сега преку образовниот систем за да имаме ефект по одредено време. Пред да се случи ова, имавме зголемување на минималната плата, а тоа дојде од политичко ветување на локалните избори минатата година. Еден од аргументите кога се водеше дебатата околу зголемувањето на минималната плата беше дека ќе настане комплесија кај платите и ќе има приближување на попродуктивните и помалку продуктивните, рече Јовановски.

Слични содржини