Петрески за РСЕ: Граѓаните ќе плаќаат поголеми даноци, но не сакаат парите да завршат кај поединци или групи

од Vladimir Zorba

Граѓаните ќе плаќаат поголеми даноци, но сакаат парите да завршат во развојни цели, а не кај поединци или групи, односно да имаат подобри и поквалитетни услуги, вели Благица Петрески од Фајнанс тинк во интервју за РСЕ.

– Сивата економија е еден значаен извор на финансии каде што Владата во следниот период ќе треба да посвети поголемо внимание и од тука да црпи дополнителни извори на средства. Во истражувањето кое го направи Фајнанс тинк покажа дека најголемо намалување кај сивата економија се постигнало во 2008-та година со преминот од прогресивен кон рамен данок. И да бидеме јасни можеби тоа намалување не е заради преминот од прогресивен кон рамен данок, туку многу повеќе заради општото намалување на даноците во делот на личен доход. Тоа е еден аспект, доколку не интервенирате преку даночните стапки, вториот аспект на интервенција и справување со сивата економија да ги зајакнете административните капацитети, пред се капацитетите на инспекторатите за борба против неформалната економија. Тука треба да го напоменеме и даночниот морал, односно убедувањето на даночните обврзници дека – да ќе плаќам поголеми даноци, но тие средства ќе завршат за развојни цели, а нема да завршат за цели на поединци или на мали интересни групи, вели Петрески.

Слични содржини