Актуелно
Почетна / Македонија / Политика / Петров го осуди нападот врз Асани

Петров го осуди нападот врз Асани

Потпретседателот на СДСМ, Коста Петров го осуди нападот вез ЛГБТ активистот Беким Асани. Тој физички бил нападнат од две лица во близина на канцеларијата на организацијата „ЛГБТИ Јунајтед“ од Тетово.

„Поддршка за Беким. Сторителите мора да се најдат и да се казнат. Време е и конeчно да сфатиме дека само со еднакво општество, во кое сите уживаат еднакви права, без дискриминација, цврсто можеме да чекориме кон иднината. Нема друга опција!“, вели Петров.

Поддршка доби и од Маја Морачанин од партијата ДОМ, која вели дека институциите мора да обезбедат целосно почитување на правата на ЛГБТИ луѓето и нивна заштита.

„Надлежните институции веднаш да спроведат темелна истрага и да го санкционираат насилството. Несанкционирањето на насилството врз ЛГБТИ луѓето доведува до негово повторување. Институциите мора да обезбедат целосно почитување на правата на ЛГБТИ луѓето и нивна заштита од дискриминација, говор на омраза и насилство“, сподели Морачанин.

И лани по завршувањето на парадата на гордоста во Скопје, Асани беше нападнат во Сарај.

loading...