Актуелно
Почетна / Македонија / Политика / Петров: Љатифе Шиковска – пример е за одлучност, борбеност и пожртвуваност

Петров: Љатифе Шиковска – пример е за одлучност, борбеност и пожртвуваност

„Верувам во нашите пратеници и знам дека ќе покажат огромна одговорност кон народот и државата. Не можам а да не кажам дека особено сум горд на Љатифе Шиковска – единствената Ромка во новиот парламентарен состав. Пример е за одлучност, борбеност и пожртвуваност“, пишува Коста Петров, потпретседателот на СДСМ, на својот Фејсбук профил.

„Љатифе, продолжи да нѐ мотивираш и инспирираш. Остани пример за тоа дека не постои лимит кога веруваш и работиш со целосна посветеност и љубов. Се надевам дека ќе бидеш инспирација за сите жени од сите националности активно да се вклучат во политиката и сите заедно да градиме еднакво општество за сите“, пораа тој.

loading...