Актуелно
Почетна / Македонија / Петров: Нема да има аплицирање, граѓаните директно ќе ги добиваат платежните картички

Петров: Нема да има аплицирање, граѓаните директно ќе ги добиваат платежните картички

Во последните 3 месеци не само на нас, туку и на целиот свет ни се случува најголемата криза. Од почетокот на здравствено – економската криза предизвикана од КОВИД – 19, СДСМ застана зад ставот дека најважно е брзи и навремени мерки. Па согласно тоа, стоејќи зад ставот дека заедно сме во целата оваа ситуација, започнаа разговорите со компаниите, работодавачите, банките. – посочи потпретседателот на СДСМ, Коста Петров на онлајн дискусијата „Нова развојна македонска економија“.

– Првиот сет економски мерки беа насочени кон компаниите кои беа први на удар односно транспортот, туризмот, угостителство. Вториот сет економски мерки беа насочени кон микро мали и средни компании, се со цел да се сочуваат повеќе работни места. Третиот економски пакет е поразличен од првите два, фокус е трансформација на македонската економија, истакна Петров.

Петров се осврна и на реализацијата на мерките со кои се обезбедуваат домашни платежни картички и ваучери за туризам со што ќе се зајакне приватната потрошувачка во наредниот период.

-Платежни картички од 9.000 денари добиваат сите невработени лица активни баратели на работа и примателите на гарантирана минимална помош, по 3.000 денари ќе добијат младите лица и вработени со месечна примања до 15.000 денари. Најважно е што нема да има аплицирање, туку граѓаните директно ќе ги добиваат овие картички и ќе ги искористат. Преку оваа мерка им помагаме на граѓаните, но и помагаме и на домашната економија, заклучи Петров.

loading...