Петров: Преку платежните картички и ваучери ја зголемуваме куповната моќ и домашната потрошувачка

од Берта Китинска

Нашата цел е јасна – заедно ќе ја пребродиме кризата со коронавирусот и заедно ќе излеземе од оваа криза, уште похрабри и уште посилни, изјави на денешната прес-конференција Коста Петров, потпретседател на СДСМ.

Тој вели дека Уште од самиот почеток на кризата, презедовме низа мерки преку кои со директна финансиска поддршка им помагаме на граѓаните и на компаниите полесно да ја пребродат оваа глобална криза.

-Во тек е реализација на третиот пакет на економски мерки, наменет за 730.000 корисници и со вредност од 355 милиони евра. Целта на овој пакет е да ја зајакнеме приватната и јавната потрошувачка и да креираме нова, развојна македонска економија. Со овој пакет мерки ја поддржуваме нашата економија и нашите производи и услуги а со тоа и ги штитиме работните места на граѓаните но и креираме нови.

Дел од третиот пакет мерки е домашната платежна картичка „Купувам домашно“.Вкупно 28 милиони евра им се доделуваат на 324.479 граѓани, како директна парична поддршка од државата со цел да се зголеми куповната моќ и да се стимулира приватната потрошувачка.Картичка со 9.000 денари добиваат невработените, активни баратели на работа кои оствариле примања до 180.000 денари во текот на 2019 година и до 60.000 денари од јануари до април годинава, како и примателите на социјална помош.

Ваучер за домашен туризам вреден 6.000 денари и финансиска помош до 3.000 денари на платежна картичка добиваат, вработените кои за периодот од јануари до април годинава оствариле примања до 60.000 денари.

Средношколците и студентите од 16 до 29 години добиваат платежни картички со вредност од 3.000 денари, а над 4.300 здравствени работници кои се на првата линија во борбата против коронавирусот на картичка ќе добијат 40% од последната основна нето плата, изјави Петров.

 

 

Слични содржини