Петров: Започна аплицирањето за мерката 14.500 денари за исплата на плати за мај (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

„Од вчера до 7 јуни сите работодавачи погодени од кризата со корона вирусот може да поднесуваат барања за финансиска поддршка од 14.500 денари за исплата на плати за мај“, посочи денес на прес-конференција Коста Петров, потпретседателот на СДСМ.

Условите за користење на оваа финансиска поддршка се исти како и за претходнитот месец, односно:

· Намалени приходи од над 30% во април и мај споредбено со просекот од месеците во 2019та година.

· Да не се исплаќа дивиденда или бонуси за време на користење на мерката.

· Да нема над 120.000 денари нето плата на над 10% од вработените.

Мерката е достапна за сите вработени кои имаат нето плата до 39.900 денари и за сите управители и сопственици со нето плата до 39.900 денари.

„Мерката може да ја користите и за вработените кои веќе ја користат мерката за субвенционирање на придонесите за покачување на платите. Мерката не може да ја користите за вработени кои користат ослободување од придонеси од проектот “Македонија вработува 1 и 2” и вработени за кои ќе се користи антикризната мерка за 50% субвенции на придонеси“, изјави тој.

Слични содржини