Петровска: Арсовска може да покрене тужба против мене, ние стоиме зад она што го објавивме

од Берта Китинска

Резултатите од локалните избори покажаа дека голем број од гласачите на СДСМ не излегоа на избори, вели пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска за Утрински брифинг

-Целта на соопштувањето на информацијата дека Арсовска има бугарско државјанство беше да им се каже вистината на граѓаните. Ја добивме таа информација тогаш кога ја добивме, не тактизиравме, туку чекавме да ја потврдиме информацијата, вели Петровска.

Вчера бугарското МВР соопшти дека во земјава има антибугарско расположение, но не демантираше дека Арсовска има бугарско државјанство.

-Арсовска може да покрене тужба против мене, ако така смета, ние стоиме зад она што го објавивме дека е вистинито, вели Петровска.

Тешко ќе биде Заев сега да се повлече од оставката што ја објави јавно.

-Тоа е одлука што Заев ја соопшти по изборите и тоа е негова лична одлука. Но, таа одлука ќе се преиспитува во партијата. Коалициските партнери вчера соопштија дека парламентарното мнозинство останува. Оттука, ние немаме намера да се повлечеме од тешките одлуки кои претстојат, бидејќи државата мора да продолжи по патот што го зацрта, а голем дел од тоа е заслуга на самиот Заев, вели Петровска.

Слични содржини