Петровска: Бирото за јавна безбедност веднаш започна истрага за порнографската група на средношколците

од Vladimir Zorba

Во врска со затворена група на „Телеграм“ во која средношколци споделуваат експлицитни фотографии од свои врсници, Бирото за јавна безбедност веднаш започна истрага за мотивите и целите на формирање на оваа група, објави на својот ФБ профил дополнителната заменичка министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска.

За сите детали и наоди јавноста ќе биде известена, а против прекшителите на законот ќе се поднесат соодветни поднесоци, додава таа.

Реакцијата на дополнителната министерка доаѓа откако медиумите алармираа за групата наречена „Јавна соба“ на сервисот Телеграм, каде што се споделуваат ексциплитни фотки од малолетни девојки од С.Македонија.

Групата за неколку дена стигна до над 7400 членови, а во неа се пристапува по претходна покана од пријател.

Слични содржини