Петровска: Членовите на ВМРО-ДПМНЕ шират омраза и закани на социјалните мрежи

од Берта Китинска

СДСМ денеска преку прес конференција кажа  дека на социјалните мрежи има многу постови со омраза кон нив, нивната партија и нивните функционери.

Славјанка Петровска за тоа ги обвини членовите на ВМРО-ДПМНЕ.

“Сосем малку им требаше да продолжат онаму кај што ги запревме во 2016 година – После првиот изборен круг, членови и активисти на ДПМНЕ продолжија да се закануваат со насилство кон граѓаните кои не се дел од оваа партија.За тоа доказ се и фотографиите зад мене – ова се само мал дел од заканите кои членовите на ВМРО-ДПМНЕ јавно ги испраќаат, а за кои сведочат граѓаните секојдневно на социјалните мрежи.

Еве дел од нивата содржина:

„Ајде во втор круг со ново мнозинство и да ги гониме по улици како шинтери џукели“,
„Ти се бројат деновите гаде предавнички“,
„Гробови да ви се отворат“,
„Мора ја снема оваа чума“,
„Живи да ги закопаат“.

Граѓаните сведочат дека во општините каде победија кандидати на ВМРО-ДПМНЕ, почнале да прават списоци на луѓе кои се членови или поддржувачи на СДСМ, со најави за некакви наводни одмазди.- рече Петровска.

Слични содржини