Петровска: Донираме 12 хеликоптери на Украина, не се намалува нашата борбена готовност

од Vladimir Zorba

Се очекува врз основа на анализа на Генералштабот да се предложи соодветно постапување на Владата за донација на хеликоптери на Украина, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска во гостувањето во „360 степени“. Таа рече дека до Владата ќе биде предложено да и се донираат 12 борбени МИ-24 хеликоптери на Украина.

-Со објавување на одлуките се разгледуваат безбедносните ризици, дали постојат и во колкава мера, а со оглед на досегашните анализи и информациите од безбедносен аспект, може да се соопшти оваа одлука, рече Петровска без да каже кога и како овие хеликоптери би биле транспортирани.

Таа додаде дека овие хеликоптери се набавени од Украина во 2001 година, а производството е во 80-тите години. Тие не се користат од 2015-тата година, а само два се модернизирани.

-Тие веќе не се предвидени да постојат во формацијата на нашата Армија и преку нашата трансформација тие веќе нема да бидат составен дел и од тие причини се проценува дека се непотребни, кажа Петровска.

Министерката истакна дека со осумте одлуки за донација не се намалува борбената готовност на земјава, а според проценките досегашната донирана воена опрема чини околу 30 милиони евра.

Слични содржини