Петровска: Донираната воена опрема ќе требаше да платиме за да ја уништиме, за возврат имаме донација од САД

од Vladimir Zorba

Сета опрема која досега е донирана е веќе на истекот на користење и согласно нашите планови нема да биде дел од нашето вооружување, ако не го искористиме моментот сега да ги дадеме каде што ги бараат ќе треба да платиме за да ги уништиме, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска во гостувањето во „360 степени“ прашана за воената донација на Украина.

-Моментално политичката волја на Северна Македонија и моја како министерка за одбрана во поддршка на Украина е неспорна, но многу често ваквата политичка волја и поддршка треба да се демонстрира преку реални чекори. Донацијата е еден од начините преку што ја демонстрираме таа наша поддршка, рече Петровска.

Прашана што земјава добива за возврат, таа рече дека само за помалку од една година САД одобриле користење на финансиски средства во износ од 139 милиони долари.

-Ако сакаме да споредуваме, тоа е неколкукратно повеќе за разлика од она што ние сме го донирале. Тие средства се во поддршка на планот на модернизација на нашата Армија, кажа Петровска.

Слични содржини